Клинички истражувања

Што е клиничко истражување?

Клиничкото истражување обично се спроведува во фази: Фаза 1, 2, 3 и 4.

Во студиите од фаза 1:

  • Се зачленуваат мал број здрави волонтери или пациенти
  • Се тестира безбедноста на тест-терапијата и што се случува со неа во човечкото тело
  • Може да трат околу 6 до 12 месеци.

Во студиите од фаза 2:

  • Се зачленуваат стотици пациенти
  • Се тестира ефективноста и безбедноста на испитуваната терапија
  • Може да траат 2 до 4 години

Во студиите до фаза 3:

  • Се зачленуваат стотици до илјадници пациенти
  • Дополнително се тестира ефективноста и безбедноста на испитуваната терапија
  • Може да траат 5 до 10 години
По успешното завршување на студиите од фаза 3, спонзорот поднесува барање до здравствените органи на една или повеќе земји за одобрување на испитуваната терапија како лек или медицинско помагало.

Во студиите до фаза 4:

  • Се спроведуваат кога терапијата е одобрена за употреба
  • Се зачленуваат стотици до илјадници пациенти
  • Се следат долгорочните ефекти од терапијата
  • Може да траат 4 до 8 години.

Фази на клинички истражувања